Обама ги забавуваше гледачите со „злобни твитови“

Од:

Американскиот претседател Барак Обама ги забавуваше гледачите во една контакт емисија читајќи „злобни твитови“, кои му биле упатени.

Тој почна со коментарот на Доналд Трамп кој во август на Твитер напиша: „Претседателот Обама ќе биде запомнет како можеби најлошиот претседател во историјата на САД“.

– Навистина? Јас барем ќе бидам запомнет како претседател, му одговори Обама на Трамп.

Во емисијата на водителот Џими Кимел, Обама го прочита и твитот со прашање до него: Барак, брате, креваш ли некогаш нешто?

– Па ја кренав забраната од кубанските цигари. И тоа е нешто, одговори Обама.

Тој на водителот му призна дека соработниците ретко го будат среде ноќ, иако работата претседател е многу стресна. Тој објасни дека најтешките проблеми најчесто се предвидуваат однапред. Тука ја искористи можноста повторно да го „пецне“ Трамп: Но она што сигурно не го правам во три часот изутрина е да твитам за луѓето кои ме вреѓаат.

Кога водителот го праша дали некогаш се смее за време на дебатата додека го гледа републиканскиот кандидат, Обама рече: Речиси постојано.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД