Нудистите во Кина се побунија против забраната на голотијата

Од:

Кинески нудисти одбија да ја почитуваат одлуката на Комунистичката партија на Кина, со која се забранува голотијата и се собраа на тропска плажа во јужна Кина без костими за капење, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Десетина голи капачи уживаа на плажата Дадонгаи во Санји. Станува збор за два километри долгата песочна плажа, позната како идеална дестинација за кинеските нудисти.

Мажите „во различни фази на голотија“ се забележани на плажата, судејќи според извештајот на весникот „Шангај дејли“.

– Некои беа целосно голи, додека некои делумно ги соблекоа костимите за капење, додава весникот.

Полицијата во февруари го забрани собирањето на нудистите на оваа плажа по жалбите на жителите на Хаинан, остров во Јужното Кинеско Море, кој агенциите го промовираат како кинески Хаваи.

– Голото капење се перцепира како нецивилизирано и спротивно на кинеските традиција и култура. Тоа не е нешто што нормалните луѓе би го правеле, изјави Луо Баоминг, шеф на Комунистичкат партија во градот Санји.

Меѓутоа нудистите сепак на оваа плажа се појавија без костими за капење, а нивната постапка предизвика остра реакција од кинеските власти. Двајца од нив се уапсени, откако одбиле да ги „прифатат советите“, а на плажата се поставени камери.

Кинеските провинции Хеилонџијанг, Сечуан и Цеџанг во минатото се обидоа да воспостават нудистички заедници, но не успеаја поради големи контроверзи кои владеат во Кина во врска со голотијата во јавност.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска