Нема ништо поубаво од тоа домот да ви мириса на свежо печени колачиња. Но, тој мирис, е најубав за време на новогодишните празници. Уште повеќе, ако имате време, направете ги токму овие, со мини декорација како снегулка.
Потребно е:
125 гр путер, на собна темепратура
100 гр шеќер
1 јајце
2 лажички екстракт од ванила
225 гр брашно
1 лажица какао во прав
Подготовка:
– Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот. Матете со миксер додека да добиете кремаста смеса и шеќерот да биде растопен.
– Додадете ги јајцето и ванилата и матете дополнителни 2 минути за сето да се соедини.
– Потоа, полека додавајте го брашното и матете полека додека да оформите тесто.
– Од тестото одвојте 2/3 и ставете го на страна. Во преостанатата 1/3 од тестото ставете го какаото и матете додека да се соедини сосема какаото.
– Двете теста со сукало развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од околу 3 мм.
– Од белото тесто со тркалезни калапи одвојте неколку колачиња и ставете ги на тавче за печење, кое ќе го обложите со хартија за печење.
– Од црниот дел од тестото одвојте форми на снегулка. Помалите форми на снегулка ставете ги врз тркалезните колачиња.
– Вака подготвени ставете ги колачињата да се печат во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, околу 12 до 15 минути, односно додека почнат да добиваат златна боја на краевите.