Научнофантастичната видео игра Икс-Ком добива своевидно ново продолжение, трето по ред, објави креаторот Џејк Соломон, додавајќи дека сепак се работи за сосема нова приказна.
Насловот на новата игра е „War of the Chosen“ (Војна на избраните), а новитет е тоа што борбите може да вклучуваат и повеќе карактери.
Целата игра ќе добие и „потечен“, но и понепредвидлив развој на приказната: на пример, во борба со вонземјаните, може случајно да ги повикате т.н. „Изгубени“, па да Ве изненадат – зомби, да речеме.
Играта излегува во продажба на 29 август, а е наменета за на компјутер, Плејстејшн 4 и Икс-Бокс 1.