Натали Портман е заштитно лице на Диор за козметика и парфеми од 2010 година, а сега можеме да ја видиме и во заводливата кампања за најновите кармини Диор Руж и Диор Ултра Руж, што „гарантира 12-часовно задржување на усните со мат завршница“.
Како што и доликува, на фотографиите Натали позира во крв-црвен џемпер и со уште повпечатливо црвени усни. Новиот слоган е: „Црвен бакнеж што никогаш нема да го заборавите”.
Цената на карминот е 37 долари.