Нова другарка за Кан и шимпанзото Коко со пријателите пристигнуваат во Скопје ЗОО

Од:

Оваа пролет, морскиот лав Кан покрај своите зоо негуватели, ќе има и нова пријателка. Морската лавица ќе пристигне од Нинберг, а моментално се прават подготовки и за реновирање на живеалиштето со цел да имаат идеални услови за заеднички живот. Новиот дом на Коко е во финална фаза, а шимпанзото во Скопје пристигнува со уште три шимпанза со кои бил неразделен во Холандија. Живеалиштето за шимпанза е по светски стандарди, а зоо негувателите кои ќе се грижат за нив поминуваат и обуки во Холандија. Во мај и јуни пристигнуваат и многу други животни.

„Сакаме оваа година да влеземе во ЕАЗА (Европска асоцијација на зоолошки и аквариуми). Мај и јуни ќе бидат месеците во кои зоолошката ќе ги добие животните кои и недостасуваат. Зебри, лавови, еланд антилопи, белоносести коати и нови птици. Паралено започнавме и со изградбата на објектот за фламинга и пингивини и со реновирање на други живеалишта како базенот на Кан. Ветивме европска зоолошка градина, тоа и ќе го направиме“- изјави директорот на Зоо Скопје, Ѓорѓи Галетановски.

Би можело да ве интересира

Во зоолошката во Загреб угина нилски крокодил, бил таму повеќе од 50 години

А1он

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова туристичка атракција во Скопје – отворен е новиот Дино парк

Ана Ололовска