По серијата розови нијанси полека како нов тренд се наметнува виолетовата боја на коса.
Розовата боја на коса беше нешто што „мора да се има“ во текот на топлата сезона и се повеќе млади трендсетери летово се одлучија на ваква фризура.
По розовата боја за студената сезона полека се наметнуваат виолетовите нијанси на косата. Трендот го започна Кели Озборн, која подолго време носи боја на лаванда.
Освен Кели и младата актерка Дејвиг Чејс собра храброст за виолетова боја на косата и промена на својот имиџ.
Кон овој трен последна се приклучи слатката Зое Кравиц, која својата руса коса ја украси со неколку нежни виолетови прамени.