Нов скијачки хит зимава во Швајцарија: „Приватна планина“

Од:

Претстојнава скијачка сезонa гостите во швајцарскиот „Тугенд Гранд хотел“ ќе добијат и една екстра услуга: ќе имаат ексклузивно право еден ден да скијаат и да се забавуваат на еден дел од соседната планина и да го доживеат чувството на целосна приватност.

Со цел да го зголемат бројот на туристи и да го промовираат хотелот и туристичката понуда што е достапна во него, швајцарскиот хотел одлучи на своите гости да им понуди целосно приватно користење на планинатата еден ден во текот на оваа зима.

Хотелот е сместен во градот Аросо во долината Шанфих и има пристап до мрежата од над 225 километри уредени скијачки патеки.

На гостите кои ќе одседнат во хотелот во втората половина на ноември ќе им биде овозможен пристап до падините на планината Грисонс на 29 ноември, ден пред официјалниот почеток на скијачката сезона (од 30 ноември), кога целиот скијачки комплекс ќе биде отворен за јавноста.

Со 130 соби хотелот со својот 100-отстоен капацитет може да прими околу 260 скијачи, а оваа промотивна акција е осмислена токму за тоа оваа сезона во објектот да престојуваат што повеќе туристи.

Сите кои ќе бидат заинтересирани за оваа еднодневна акција оваа ексклузивна понуда ќе можат да ја искористат доколику тоа го дозволуваат временските услови. Доколку тоа не е можно, гостите на располагање ќе имаат бања што се простира на 5.000 квадратни метри или да учествуваат во некоја друга активност, како нордиско трчање, планинарење или возење со балон наполнет со топол воздух.

Цената за ова „ексклузивно приватно“ скијање е 930 швајцарски франци по лице, што вклучува три ноќевања на база на полупансион, присуство на настанот „Приватна планина“ на 29 ноември, ски-пас за 30 ноември, „бранч“ и влез во хотелскиот бањски комплекс.

Овој необичен туристички пакет е само една од ексклузивните понуди за туристите кои сакаат малку поинаков вид одмор на популарните туристички дестинации. Меѓу нив се наоѓа и таканаречната „Бест оф Бритиш“ – викенд тура во рамки на која е организирано сместување во луксузниот „45 Парк Лејн хотел“, приватно користење на „Лондонското око“ и посета на лондонскиот „Тауер“ меѓу останатото.

Цената за ова задоволство за двајца изнесува 1,6 милион долари.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска