Нов проект на основачот на „Андроид“

Од:

Кон крајот на 2003 година, Енди Рубин бил дел од тимот кој го препозна големиот потенцијал на паметните мобилни уреди.

Иако овој тим прво имал намера да развие оперативен систем за дигитални фотоапарати, брзо се префрлил на мобилните уреди и почнал да развиваат мобилни оперативни системи создавајќи ја компанијата „Андроид“

Оваа компанија ја купи „Гугл“ во 2005 година за најмалку 50 милиони долари, а Рубин и неговиот тим продолжија со развојот на мобилниот оперативен систем, кој денес е инсталиран на стотици милиони мобилни уреди.

Но, Рубин во 2013 година го напушти „Гугл“ и се сврте кон сопствени проекти.

Уште кон крајот на 2015 година на интернет кружеа гласини за плановите на Рубин за излез на мобилниот пазар, но сега вљубениците во модерната технологијата дознаа на што досега работел еден од творците на „Андроид“.

Рубин на Твитер објавил фотографија на која се гледа долниот дел на „мистериозен телефон”, што го развива неговата компанија „Есеншл“.

Додека за новите модели на паметните телефони на големите мобилни компании со месеци однапред знаеме речиси се, за овој уред моментно нема многу информации.

Единствено што може да се заклучи врз основа на објавените фотографии е дека екранот ќе го заземе речиси целиот преден дел на телефонот.

Ретките досега објавени гласини велат дека дијагоналата на екранот ќе биде поголема во однос на „Ајфон 7 Плус“, односно над 5.5 инчи, но самот телефон треба да биде помал.

Рубин планира неговиот уред кога ќе се појави на пазарот, што најрано може да биде кон средина на оваа година, да чини 649 долари.

Изгледа дека Рубин и неговиот тим (во „Есеншал“ работат и поранешни директори од „Епл“, „Гугл“ и ХТЦ) планираат да направат големи работи и дека веќе со првиот телефон имаат намера да ги „нападнат” конкурентските уреди како „АјФон“, „Самсунг Галакси С“, „Пиксел“ на „Гугл“ и слични топ модели.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Гугл“ забрани 25 апликации за „Андроид“

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска