Здрава и вкусна салата …
Потребно е:
2 поголеми цвекла
иста количина тиква
1 поголем сладок компир
за посипување:
10-20 гр исчистени ф’стаци
10-20 гр семки од сончоглед
10 гр семки сусам
1/2 кесичка ким
1 чешне лук
1/2 лажиче сол
20 мл маслиново масло или масло од сусам
Подготовка:
– Измијте го и излупете го цвеклото. Исечете го на коцки.
– Исчистете ја тиквата и компирот излупете го и исечете ги на коцки.
– Во тава ставете хартија за печење и распоредете ги состојките на хартијата.
– Посипете со сол, додадете ги семките и иситнетиот лук и посипете со масло. Измешајте.
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути.