Ноќевање кое се памети – Најнеобични хотели во светот

Од:

На хотелиерите ширум светот не им недостигаат идеи. Се нудат хотелски соби на нашутени наоѓалишта на гас во Малезија, во стари железнички вагони во Канада, во населбата Хобит на Нов Зеланд…

Следуваат пет најнеобични хотели во светот:

Хотел Костас Верде – Национален парк Мануел Антонио во Коста Рика

Љубителите на авантурите на Робинзон Крусо ќе уживаат во одмаралиштето насреде дождовната шума во близина на местото Квепоса во Коста Рика. На работ на националниот парк Мануел Антонио во одмаралиштето Коста Верде Респорт се наоѓа и крајно необичен хотел, изграден на авион Боинг 727. Овој авион некогаш навистина летал во рамки на компаниите „Саут Африка ер“ и „Авианка Ерлајнс“. Денес е паркиран на едно брдо, нуди туширање во пилотската кабина и преубав поглед на песочната лагуна и океанот.

Пропелер Ајланд Сити Лоџ – Берлин, Германија

Секоја соба во овој берлински хотел е бизарна и единствена. Сакате ли затворска ќелија со дупка во ѕидот и вц-школка во собата, старинска соба со ормар во кој се наоѓа скриен туш, мртовечки сандак наместо кревет, садо-мазо декорација, зелена соба со ѕидови на кои е залепена кожа…Изборот е ваш.

Д Фајв Хотел – Париз, Франција

Во овој хотел ќе бидете опркужени со уметноста и романтичните мотиви, но при тоа нема суптилност во декорацијата. Некои гости при влегувањето во собата помислиле дека се наоѓаат во бордел. Сместен е во парискиот кварт Сент Гермаин дес Прес (Латински кварт), а во близина се Ecole normale superieure, градината Jardin des Plantes, Grande Galerie de l’Evolution и катедралата Нотр Дам.

Трибоунс Ресорт – Биг Сур, САД

Тешко дека ќе најдете место слично на ова. Објектите се сместени до бездни и тие се округли соби со дрвен под, садопер, голем кревет, кауч. Тоалетите се заеднички, а тука е и големата средишна куќа со прекрасен ресторан и сувернир-шоп. Ова место има се што е потребно за мирен и прекрасен одмор.

Ханг Нга – Далат, Виетнам

Со влегувањето во овој хотел влегувате во алтернативна реалност. Архитектонски ова е едно од најдобрите и најбизарните места во Виетнам.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска