Неверојатни предмети испратени во вселената

Од:

Со помош на испратените сонди во вселената човештвото научи многу за Сончевиот систем и планетите, но покрај сите неверојатни предмети што беа испратени, порталот io9 направи листа на најчудните и најневеројатните работи што луѓето ги испратиле во вселената.

Златната плоча (1977)

Се работи за фонографски плочи, на кои биле снимени 116 аналогни фотографии, звуци од природата, поздрави на 55 јазици, и порака од американскиот претседател во тој момент – Џими Картер.

Семејна фотографија (1972)

Чарл Дјук бил член на посадата на мисијата Apolo 16 која слетала на Месечината. Пред враќањето назад, овој космонаут, на површината на месечината ја оставил фотографијата на неговото семејство.

Знамето на Таџикистан и книга за духовност (2001)

Овие два предмети биле пратени по нарачка на претседателот на Таџикистан Сапармурат Нијазов, каде што книгата била негово дело. Знамето и книгата биле испратени во јапонска сонда, која се очекува да се врати на Земјата во 2151 година.

Лего фигура со канадско знаме (2013)

Двајца канадски студенти пратиле во вселената лего фигура со закачено канадско знаме, кое го нарекле Легонаут. Легонаутот бил закачен на специјален хелиумски балон. Оваа фигура постигнала височина од 24,5 километри.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата