Нетфликс плати 120 милиони долари за новиот филм на Скорсезе

Од:

Нетфликс плати 120 милиони долари за правата за новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирец”, со што го надмина Парамаунт и понудата од 100 милиони долари.

Биографскиот филм е всушност приказна за Френк Ширан, човек кој го призна убиството на Џими Хофа, еден од најпознатите синдикални лидери во САД. Во главните улоги се појавуваат Роберт де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.

Последен пат Де Ниро и Скорсезе соработувале на филмот „Казино“ во 1995, а претходно заедно рабтеа и на класиките „Разјарениот бик” (1980) и „Таксист“ (1976).

Се претпоставува дека со овој потег, Нетфликс ќе има полн погодок, но дали ќе биде така, ќе дознаеме во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Актерката од серијата “Baby Reindeer” се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“