Нетфликс ќе инвестира осум милијарди долари во оригинални содржини

Од:

Нетфликс соопшти дека ќе инвестира осум милијарди долари за производство на сопствени содржини и со тоа ќе ја надмине конкуренцијата.

Минатата година Нетфликс инвестираше шест милијарди долари во сопствени содржини, со што од него повеќе троши само ЕСПН, односно 7,3 милијарди долари.

Седиштетото на Нетфликс се наоѓа во Лос Гатос, Калифорнија, а сервисот има 110 милиони корисници ширум светот. Во последните три месеци, бројот на корисници е зголемен за 4,5 милиони претплатници ширум светот, од кои 850.000 во САД.

Серијата „Наркос“ на Нетфликс е најгледана дигитална серија досега, откако се мери дигиталната гледаност во САД.

Сепак, нивниот успех се обидуваат да го надминат други компании и телевизиски мрежи преку создавање на сопствени апликации. Дизни ги повлекува своите содржини од Нетфликс со цел самостојно да ги емитува, а Фејсбук, Епл и Амазон исто така се заинтересирани за овој вид бизнис.

Епл инфомира дека ќе потроши една милијарда долари за сопствена содржина, а Фејсбук веќе направи опција „гледај“ на својата насловна страница.

Би можело да ве интересира

Актерката од серијата “Baby Reindeer” се прослави по 17 години кариера: Улогата на демнач како пресвртница

Предраг Петровиќ

Нетфликс повторно ги зголемува цените

Објавен трејлерот за серијата „Гризелда“: Софија Вергара во улога на нарко кралицата

Предраг Петровиќ

„Нетфликс“ планира да направи своја верзија на „Војна на ѕвездите“

Кевин Спејси треба да плати 31 милион долари поради своето недолично однесување

Ана Ололовска

„Војска на крадци“ најгледан филм на Нетфликс

Ана Ололовска