Потребно е:
за темната смеса од бисквити:
300 гр мелени бисквити
250 гр сецкани или мелени ореви
200 мл сок од портокал, може и од праска
250 гр путер или маргарин
200 гр шеќер во прав
за филот:
2 пудинга од ванила
3 лажици брашно
10 лажици шеќер
1 л млеко
250 гр путер или маргарин
и уште:
1 кутија пишкоти
3-4 банани
шлаг или слатка павлака, за украсување
Подготовка:
– Сите состојки за темната смеса соединете ги. Измешајте убаво додека да добиете хомогена смеса и поделате ја на два дела. Ставете ги во фрижидер.
– Преминете на подготовка на филот. Прашокот за пудинг, шеќерот и брашното изматете ги со малку млеко (земено од 1 л млеко). преостанатото млеко ставете го во сад на рингла да се вари. Кога ќе почне да врие додадете ја смесата со пудингот и варете со постојано мешање додека да се згусне пудингот.
– Путерот пенесто изматете го. Во путерот додавајте лажица по лажица од изладениот пудинг со постојано матење на најголема брзина. Филот ставете го во фрижидер за да се стегне.
– Преминете на филување на тортата. Во калап за торта прво натапкајте го едниот дел од темната смеса. Потоа нанесете од филот, па наредете еден ред пишкоти потопени во сок од портокал. Над пишкотите повторно нанесете од филот. Сега на филот наредете еден ред банани исечени на тркалца (бананите испрскајте ги со сок од лимон за да не потемнат). Над бананите повторно од филот, а над филот вториот дел од темната смеса (оваа кора ќе мора да ја оформите на страна на пластична фолија, а потоа само да ја префрлите на тортата). Извадете ја страницата од калапот за торта. На крај премачкајте ја тортата со изматен шлаг или слатка павлака.
– Вака подготвената торта оставете ја да се стегне неколку саати во фрижидер пред да ја послужите.