Непечена торта од костени (посно)

Од:

Потребно е:
1 кг костени
180 гр маргарин
150 гр бадеми
50 гр посно чоколадо
180 гр шеќер
малку вода
какао во прав
листови црно посно чоколадо, за украсување

Потребно е:
– Сварете ги костените, исцедете ги и исчистете ги. Додека се уште топли испасирајте ги.

– Испасираните костени ставете ги во еден подлабок сад и додадете ги пенесто изматениот маргарин, попарените со врела вода мелени бадеми, растопеното чоколадо и на крај растопениот шеќер со малку вода. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.

– Мал, подлабок керамички сад обложете го со пластична фолија. Сипете ја смесата од костени, израмнете ја горната површина, превиткајте ги горните краеви на фолијата кон внатре. Со тацна  притиснете ја смесата и оставете да стои неколку часа.

– Извадете ја тортата од костени од садот, тргнете ја фолијата и ставете ја на чинија за сервирање, така да округлата страна биде свртена кон горе.

– Посипете ја со какао во прав и декорирајте со листови црно чоколадо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска