Совршено слатко задоволство кое се топи во уста …
Потребно е:
1,5 пакување Розен кори
1,5 л млеко
5 јајца
800 гр шеќер
12 лажици брашно
400 гр чоколадо за готвење
500 гр мелени ореви
4 кесички ванилин шеќер
изрендана кора од 1 лимон
за глазурата:
100 гр чоколадо за готвење
1/2 чаша (од 200 мл) млеко
1/2 чаша шеќер
1/2 маргарин
Подготовка:
– Изматете ги белките со 800 гр шеќер. Додадете ги жолчките и уште малку матете.
– Во посебен сад изматете 12 лажици брашно со малку млеко, а останатото млеко ставете го на рингла да се вари.
– Сипете го разматеното брашно и изматените јајца и убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
– Кога ќе проврие млекото тргнете го на страна и со постојано матење со маталка додадете ја горната смеса. Повторно вратете го садот на рингла и на тивко, со постојано мешање варете го кремот додека да се згусне.
– Во врелиот крем додадете 400 гр чоколадо за готвење и мешајте додека да се растопи. Оставете го кремот убаво да се излади со повремено мешање.
– Во изладениот крем додадете ги мелените ореви, ванилиниот шеќер и изренданата кора од лимон и убаво измешајте.
– Корите тенко филувајте ги и редете ги една над друга со благо притискање.
– Подгответе ја глазурата. Во еден сад ставете ги чоколадото, шеќерот, млекото и маргаринот и растопете ги на пареа. Оставете малку да се излади.
– Со глазурата рамномерно прелијте ја тортата и оставете убаво да се излади пред да ја послужите.