Неоткриен бисер на Балтикот: Вилнус – град во кој ќе сакате да останете

Од:

Литванија не е позната само по врвните кошаркари, туку и по прекрасниот главен град Вилнус.

Прекрасната барокна архитектура никого нема да го остави рамнодушен, така веројатно ќе посакате да останете подолго од планираното.

Што задолжително треба да посетите во овој град?

Кулата Гедиминас

Оваа кула е се што останало од поранешниот средновековен дворец. Вреди да се види бидејќи е еден од најзначајните споменици во градот.

Ако не сте во кондиција, малку ќе се задишите при искачувањето, бидејќи кулата е на 50 метри надморска висина, но до таму можете да стигнете и со жичара.

Како и да е, кога ќе ја видите кулата Гедиминас, од неа се простира величествен поглед.

Улицата Литерату

Тие што ја сакаат книжевноста, задолжително мора да поминат по оваа улица. Порано била исполнета со многу книжари.

Нејзините ѕидови се украсени со разни посвети на литванската книжевност, писатели и поети.

Музеј на жртвите на геноцидот

Сите кои ја сакаат историјата, посебно тој дел кој се однесува на Втората светска војна, секако ќе одвојат време за овој музеј. Тука ќе дознаете се за животот на Литванците, прво под германска чизма, а потоа под советска.

Зградата во која се наоѓа музејот порано била затвор во кој за своите противници го користеле нацистите и Советите, а да разгледате се ќе ви требаат неколку часа.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска