Неодоливи погачици со сирењe

Од:

Овие воздушести облачиња за час ќе ги снема …

Потребно е:
за тестото:
1/2 коцка свеж квасец
1 лажиче шеќер
200 гр сирење
1 јајце
1 чаша (од 250 мл) кисело млеко
брашно

за премачкување:
1 жолчка
1 лажица масло

за посипување:
1 белка
100 гр сирење
50 гр путер (поделен на 12 коцкички)
100 гр кашкавал

Подготовка:
– Во 100 мл топла вода разматете го квасецот и 1 лажиче шеќер со неколку лажици брашно. Почекајте 10-тина минути да стаса квасецот.

– Во длабок сад издробете го сирењето, додадете 1 разматено јајце, кисело млеко и 1 лажиче сол.

– Додадете го стасаниот квасец и измешајте да се изедначи. Почнете постепено да го додавате брашното додека да добиете меко тесто кое нема да се лепи на рацете.

– Оставете го тестото да нарасне и двојно да се зголеми. Готовото тесто поделете го на 12 топчиња. Од секое топче направете погачица. Можат да бидат во облик на топче или пак како плетенка.

– Во средината на секоја погачица ставете по едно лажиче издробено сирење кое сте го измешале со белката, Оставете ги да нараснат околу 30 минути.

– Наредете ги во тава обложена со хартија за печење. на секоја погачица ставете една коцка путер. Премачкајте ги со изматена жолчка со малку масло.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени.

– Кога ќе се заруменат посипете ги со изрендан кашкавал и вратете ги во исклучена рерна за да се растопи кашкавалот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска