Неодолива кремаста торта со лешници и нутела

Од:

Кралица меѓу тортите …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
150 гр лешници
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно

за кремот:
6 жолчки
100 гр шеќер
2 пудинга од ванила
2 лажици брашно
1 л млеко
1 ванилин шеќер
250 гр путер
100 гр шеќер во прав

и уште:
200 гр чоколаден крем (Нутела)
околу 150 гр бисквити (Petit Beure)
100 гр чоколадо за готвење
1 кесичка шлаг пена

Подготовка:
– Испечете ги лешниците во рерна да потемнат малку. Оставете да се изладат и истријте ги низ раце за да им падне лушпата. Ставете го во кујнска крпа и истолчете ги со чук за месо, но така да останат и покрупни парчиња.

– Почнете со подготовка на бисквитното тесто. Со миксер изматете ги белките во густ шлаг. Додадете го шеќерот и на крај сипете го и брашното и изматете со најспората брзина на миксерот.

– Калапот за торта со дијаметар од 26 см премачкајте го убаво со путер, посипете со малку брашно и на дното ставете хартија за печење.

– На хартијата распоредете ги печените лешници и на нив внимателно распоредете ја смесата со белки.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути, додека да добие малку боја. Оставете да се излади.

– Изладениот бисквит превртете го на чинија за сервирање, така да бисквитното тесто биде од доле, а лешниците да бидат горе. Внимателно отстранете ја хартијата. Вратете го обрачот од калапот околу тестото.

– За кремот ставете да се вари 800 мл млеко со ванилин шеќер. Изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете ги пундинзите од ванила, 2 лажици брашно и 200 мл млеко и варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете да се излади со повремено мешање за да не се фати кора.

– Изматете го путерот со шеќерот во прав. Ова додадете го во изладениот крем.

– Чоколадото растопете го на пареа, оставете малку да се излади и додадете го во половина од кремот. Вториот дел од кремот треба да остане жолт.

– Чоколадниот крем (Нутела) малку загрејте го и внимателно намачкајте го на лешниците.

– Бисквитите издробете ги на неправилни парчиња (1 бисквит на 4-5 парчиња) и наредете ги над чоколадниот крем. Потрошете онолку бисквити колку се потребни да ја покриете целата површина.

– Сега над бисквитите ставете го жолтиот крем, па потоа втората половина од кремот во кој го додадовте чоколадото.

– Тортата ставете ја во фрижидер преку ноќ. Утредента извадете го обрачот и премачкајте ја со изматениот шлаг и украсете по желба, може со сецкани лешници.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска