Необични забрани кои до скоро важеле на Исланд

Од:

Исланд е единствен првенствено поради својата природа, но и поради необичните забрани, кои биле на сила во текот на неговата долга историја и кои имале значајно културолошко влијание.

Кучиња

Уште од 1924 година на жителите на Рејкјавик им било забрането да поседуваат кучиња, а сето тоа поради спречување зарази. Забраната требала да го минимизира ризикот кучињата да им пренесат ехинококоза на луѓето. Кучињата, инаку, го пренесувале овој вирус во текот на осумдесетите години на 19. век, а тој и натаму се лекува тешко. Поседувањето куче денес е дозволено, но под одредени услови.

Одредени рептили

Змии, гуштери и желки е илегално да поседувате на Исланд, поради што веќе имаше неколку случаи на криумчарење на овие животни. Главна причина за забраната е шверцот на желка во деведесеттите години, по што сопственикот на животното добил салмонела. Главната причина за забрана на овие видови рептили е да се сочува единствениот вид на исландски коњ од инфекција.

Алкохол

Необична забрана на алкохол била актуелна во 1915 година и еден дел во 1935 година, кога само пијалаците над 2,25 отсто биле легализирани, а пивото било забрането. Забраната на пиво траела до 1989 година, бидејќи Исланд сакал да воспостави сопствен национален идентитет по одвојувањето од Данска. Пред легализацијата, пиењето пиво се сметало за активност на Данците, па со самото тоа и не е премногу патриотски. Денес 1 март се слави како Национален празник кога пивото во Исланд станало легално.

Телевизија

Да сте го посетиле Исланд во 1966 година, ќе добиевте известување дека државната телевизија не емитува никаква програма во четврток. Идејата која се крие зад оваа одлука е четвртокот да биде резервиран за дружење. Забраната продолжила до крајот на јули, кога е одлучено телевизијата да не работи цел месец. Бидејќи јули се сметал како месец за одмор, било логично дека нема да се гледа телевизија. За среќа, забраната за четвртокот била укината во 1983 година, а за јули четири години подоцна, поточно во 1987 година.

Баскијци

Во 1615 година, три баскиски китоловци потонале покрај брегот на Вестфјорд во северозападниот дел на Исланд. Дури 80 преживеани морнари се нашле во мало село без храна, што ги навело да ги ограбат мештаните. Во тој момент, бил донесен закон со кој секој може да убие Баскиец доколку го забележи. Верувале или не, законот останал во книгите до 2015 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Делфините им приредија спектакл на туристите кај Валона

Ана Ололовска

Забрана за Мекдоналдс крај историски објект во Рим

Ана Ололовска

Пилот барал пари од патниците за гориво

Ана Ололовска

Неактивен вулкан се продава за 55.000 евра

Ана Ололовска

Бројот на ноќевања во Виена пораснал за 10 отсто

Ана Ололовска

Десетгодишно девојче го освои врвот Спантик и постави светски рекорд