Немирите во Египет – тежок удар за туризмот

Од:

Немирите во Египет, особено минатонеделените полициски акции против приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси, му нанесоа тежок удар на туризмот, кој до сега претставуваше 11 отсто од Бруто домашниот производ и носеше речиси 20 отсто од девизните приходи.

Директорот на компанијата која управува со египетските аеродроми, Гад ел Карим Наср, изјави дека од неделата до вторникот бројот на авионите, кои слетуваат во Египет се намалил за повеќе од 40 отсто, во однос на истиот период минатата недела.

Во истиот период, додаде тој, 13 илјади туристи претежно од Германија и Италија си заминале од летувалиштата на Црвеното Море Шарм ел Шеик и Фургада, додека само три илјади пристигнале.

Препораките на САД и на повеќе европски земји до своите граѓани да го избегнуваат Египет, се закануваат да го загрозат животниот стандар на една осмина од Египќаните, кои живеат од туризмот.

Приходите од туризмот на египетската економија лани и донесоа десет милјарди долари.

По телевизиските снимки на последните крвави немири во Египет, меѓутоа многу европски туристички агенции ги откажаа сите резервации до крајот на октомври.

Загрозено е и доаѓањето на руските туристи, кои досега беа најмногубројни, односно претставуваат 14 отсто од сите странски туристи во Египет.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска