Недела на францускиот филм до 9-ти декември

Од:

Со филмот „Среќата никогаш не доаѓа сама“ во режија на Џејмс Ит, снимен во 2012, со Софи Марсо и Гад Елмале во улогите, вечер во кино „Миленум“ ќе биде отворена Неделата на француски филм.

На минифестивалот, што го организираат Францускиот институт во Скопје и Младинскиот културен центар, од утре до 9-ти декември во кино „Фросина“ ќе има проекции на уште четири филма од  најновата француска кинематографија.

Утре ќе биде прикажан „Име“ на режисерот Александар де ла Пателиер (2012), в сабота од 20 и од 22 часот се „Љубовџии“ на Риад Сатуф (2009) и  „Госпоѓица Шамбон“ во режија на Стефан Бризе (2009), а во недела,  за затворањето на манифестацијата,  ќе биде прикажан филмот „Верно на оригиналот“ на Абас Кјаростами (2010).

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата