Не сакаат на летување поради незадоволството од изгледот

Од:

Една петина од Британците избегнуваат заминување на плажа, бидејќи се незадоволни од изгледот на своето тело, покажа неодамнешното истражување.

Околу 20 отсто од испитаниците изјавија дека попрво би заминале на некој друг вид на активност или би го избегнале патувањето, отколку да се соблечат во костим за капење.

Три четвртини од Британците се загрижени поради својот изглед, така што попрво би заминале на скијање или на посета на некоја метропола, додека 24 отсто изјавиле дека не заминуваат на одмор токму поради незадоволството од изгледот.

Студијата, која ја спроведе сајтот vauchercloud.com испитала 2.199 жители на Велика Британија, постари од 18 години, кои претходно оделе на летување.

Дури 86 отсто од испитаниците изјавиле дека барем еднаш се чувствувале несигурно поради својот изглед.

Повеќето испитаници, 57 отсто, сметаат дека моментот кога најлошо се чувствувале поради својот изглед бил додека биле на плажа, 37 отсто за време на ноќно излегување и 31 процент на првиот состанок со потенцијалниот партнер.

Најголем проблем им претставува дебелината, изгледот на стомакот, целулитот, акните, а проблематични зони се и нозете и задницата.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска