Пластичните ќесиња наскоро ќе станат минато на грчкиот острв Скијатос, каде што властите воведоа забрана за нивна употреба, согласно европските директиви.
Островот ја покренува програмата „Активен Скијатос против пластичните ќеси“ (АСАП), која ја спроведува мрежа „Медитеран СОС“, а е поддржана од општината Скијатос.
Програмата ќе трае до јуни следната година, а една од најавените мерки се и акциите за чистење на плажите.
Пилот програмата има за цел подигање на свеста на јавноста за проблемот на загадувањето.