Научниците открија поагресивен тип на ХИВ-вирусот

Од:

Научници од Куба открија поагресивен тип на ХИВ-вирусот што многу брзо доведува до развој на СИДА, што пацентите ниту не дознаваат дека се инфицирани пред да се јават симптомите.

Се смета дека оваа варијанта се јавува откако лицето стапува во незаштитени сексуални односи со повеќе инфицирани партнери и се заразува со различни подтипови на ХИВ кои подоцна се рекомбинираат во организмот на човечот и создаваат нова варијанта.

Во случај на инфекција со „обичен“ ХИВ, вирусот се врзува за протеини во мембраната на клетките познати како CCR5 и потоа продира во неа. Пациентите заразени со овој тип обично живеат неколку години пред да се појават какви било знаци на заразата, кога вирусот всушност станува CXCR4 и доаѓа до развој на СИДА.

Во случајот на кубанскиот тип, истражувачите открија дека ХИВ преминува во CXCR4 побрзо отколу во другите типови, поради што доаѓа до развој на СИДА веќе по три години од инфицирањето.

Студијата која беше спроведена на Универзитетот во Левен, објавена е во стручното списание „EBioMedicine“.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска