Австралиските научници открија езеро кое никогаш не било погодено од климатските промени или кое било друго влијание за кое што е заслужен човекот.
Езерото со кристално чиста вода и понатаму го има истиот хемиски состав како и пред 7.500 години.
-Ова како да е „Божја када“. Навистина е преубаво – изјави истражувачот Камерон Бар.
Тој и неговиот тим истражувачи од Универзитетот Аделејд тврдат дека езерската вода е толку провидна што може да се види и длабочината од 30 метри.
Бар нагласи дека езерото е единствено во Австралија кое што се наоѓа во својата првобитна состојба.
Истражувачите го проучуваа квалитетот на водата, поленот, фосилите и алгите кои подоцна ги споредуваа со фотографии од последните 117 години.
Елена Георгиевска