Научен симпозиум „Антево дело“ во рамки на манифестацијата во чест на Анте Поповски

Од:

Во тек е Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик во рамки на четвртата Meѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, со која годинава ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на поетот Анте Поповски. Авторот на најдобриот поетски ракопис ќе ја добие наградата „Антево перо“. Во јубилејната година ќе биде одржан и Меѓународен научен симпозиум „Антево дело“.

-Вториот симпозиум за Антевото творештво и живот, што ќе се одржи во неговото родно Лазарополе (по оној во 2019 година), овојпат ќе покрене: литературни, литературно-теориски, јазични, културолошки, филозофски, општествени теми, теми од историја на уметност, естетика, но и теми од културното живеење. Учесници ќе бидат еминентни научни работници, меѓу кои лингвисти, културни работници, писатели, јавни личности, но и негови познати кои ќе се погрижат за изнесување на нови непознати факти за Антевото дело и живот, соопшти Организацискиот одбор на манифестацијата.

На научниот собир со трудови, меѓу другите, ќе учествуваат Венко Андоновски, Кристина Николовска, Емилија Црвенковска, Весна Мојсова-Чепишевска, Чедо Цветановски, Бојан Ортаков, Филип Фиданоски, Ала Генадјевна-Шешкен, Бранко Цветкоски, Сузана В. Спасовска, Александра Јуруковска, Иван Антоновски.

-Списокот на учесници на научниот собир во чест на Анте Поповски не е исцрпрен, и наскоро ќе бидат познати имињата и на останатите учеснци од земјава и странство. Симпозиумот ќе се одржи во живо, а ќе се емитуваат и реферати на учесници преку снимени видеообраќања, по што се предвидени и дискусии, информира Организацискиот одбор кој излагањата од научниот собир ќе ги објави во зборник.

Би можело да ве интересира

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска

Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Ана Ололовска