Девет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Од:

Организацискиот одбор на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ изразува голема и искрена благодарност до сите учесници на Конкурсот за петтото доделување на наградата „Антево перо“, за најдобра необјавена стихозбирка на македонски јазик. На Конкурсот пристигнале 76 поетски збирки од автори од Северна Македонија, Австралија, Хрватска, Австрија, Шведска и Словенија.

На својот прв состанок Жири-комисијата во состав: проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), темелно ги разгледа и анализираше пристигнатите збирки. По плодната дискусија, Жири-комисијата издвои 9 стихозбирки кои се во поширок избор за наградата „Антево перо“ и тоа: Ана Пејчинова „Вонземно море“, Славица Гаџовска Свидерска „Golgotha Feminarum“, Јулијана Младеновска Тешија „Куќа“, Шифра Имануел „Умоверзум“, Ана Бунтеска „Остави го светлото“, Тања Павлеска „Созборка“, Кирил Ангелов „Онаму, каде молњите удираат“, Виолета Танчева Златева „Глуво време“ и Симун Лешоски „Песни“. Редоследот на номинираните нема вредносно значење.

Како и минатите години и овојпат Жири-комисијата со особено задоволство ги издвои младите автори, коишто зедоа учество во конкурсот што го распишува меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево Перо“. Во поширок избор за наградата „Антев часовник“, која се доделува на млад автор за поетско творештво на македонски јазик со забележителни поетски квалитети, Жирито издвои 5 збирки поезија и тоа: Софија Тодороска „Контури“, Матеја Талеска „Булевар на соништата“, Душко Двојаковски „Земја на зумбули“, Матеја Богдан „Посветено“ и Рената Пенчова „Точки во бескрајот“. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење.

Би можело да ве интересира

Омаж во чест на академик Анте Поповски

Наградата „Антево Перо“ за 2023 година за „50 испеани приказни “ од Александар Русјаков

Катерина Ѓуровски

Дванаесет стихозбирки во поширок избор за наградата „Антево перо“

Наградата „Антево перо“ за 2022 за стихозбирката „Куќа“ од Јулујана Младеновска Тешија

Пет поетски наслови конкурираат за наградата „Антеви Перо“

Ана Ололовска

Излезе од печат Зборник на трудови „Антево дело“

Ана Ололовска