НАСА во 2020 година ќе испрати нов ровер на Марс

Од:

Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) најави дека планира на Марс да испрати ново истражувачко роботно возило (ровер) во 2020 година, во рамките на подготовките на Црвената планета да испрати вселенски брод со екипаж.

Најавата уследи откако НАСА ги објави резултатите од анализите на тлото извршени од роверот „Кјуриозити“ при што на Марс беа откриени траги на некои компоненти кои наликуваат на вода и на кислород неопходни за живот.

Претставникот на НАСА, Чарлс Болден истакна дека администрацијата на претседателот Барак Обама е „одлучна да спроведе амбициозна истражувачка програма на Марс“.

– Со следната мисија ние обезбедуваме Америка да остане водечки светски лидер во истражувањето на Црвената планета, додека спроведува друг значаен чекор кон испраќање на човечки екипаж на Марс 30-тите години од овој век, посочи Болден.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата