НАСА идната година на Меѓународната вселенска станица ќе го испрати првиот 3Д печатач, со големина на тостер, кој би требало во голема мера да ги намали трошоците за испраќање алат и резервни делови кои им се потребни на астронаутите.
Печатачот ќе служи како „летечка фабрика“, која ќе прави предмети извлекувајќи слој по слој пластика од долги низи замотани околу големи калеми.
Калемите пластика би можеле да ги заменат бројните дополнителни инструменти и хардверот.
Во лабораториите на НАСА, инженерите печатат во три димензии мали сателити кои би можеле да се испраќаат од Вселенската станица и да пренесуваат податоци на Земјата, како и резервни делови и делови од ракети кои можат да издржат високи температури.
Првиот 3Д печатач во вселената би требало да биде испратен наесен 2014 година.