НАСА гради авион кој двојно ќе го скрати времето на летање

Од:

Иако суперсоничниот патнички авион пред повеќе од една деценија замина во заборав, НАСА реши да оди понатаму кон друга генерација на овој тип авиони кој влезе во авио-сообраќајот.

Според Блумберг, НАСА би можела да почне со работа на прототип на новиот суперсоничен авион и најверојатно ќе има соработка со големи компании како што се Lockheed Martin, Boeing и General Dynamics со цел теоријата ја претвори во реалност.

Авионот ќе биде модифициран, со посуптилна форма што значително би го олеснило пробивањето на звучниот ѕид. Што е уште поважно, таков авион би го скратил времето, па така летот меѓу Њујорк и Лондон кој инаку трае седум часа бил бил сведен на само четири часа.

Оваа значајна разлика во времето на патување и помалата врева би можеле да го напрват проектот финансиски одржлив.

Несреќата која се случила во 2000 година кога конкорд при полетување од аеродромот Шарл де Гол во Париз се запали, а потоа и се урна врз околниот хотел ја намали довербата во суперсоничните авиони, но времињата се менуваат. Се поголемата побарувачка за воздухопловнен сообраќај ќе доведе до големи потреби за пократки временски патувања.

НАСА планира во изгрдбата на прототипот да вложи 390 милиони долари во следните пет години и веќе преговара со компанијата Lockheed Martin за дизајнот.

Кога патниците ќе бидат во можност да се возат со вакви авиони се уште не е познато, а НАСА планира сите тестирања да завршат до 2022 година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска