Народниот театар од Битола одбележува 68 години од формирањето

Од:

Народен театар-Битола в среда ќе одбележи 68 години од денот на своето формирање и денот на изведбата на првата театарска претстава на Македонски јазик во Република Македонија.

Уметничкиот директор на театарот, Благој Мицевски на денешната прес – конференција посочи дека роденденот на битолскиот театар ќе биде одбележан со посебна програма со наслов „Моја генерација“, но и со други придружни манифестации.

– Годинава ќе промовираме книга „Театарот е фабрика за соништа“ посветена на режисерот Владо Цветановски од авторот Зоран Пејковски кој што ги помести сите театарски рецензии за претставите на Цветановски режирани на сцената во Битола, истакна Мицевски.

НУ Народен театар-Битола по роденденската прослава продолжува со подготовките на најновата театарска претстава „Хамлет машина“ од Хајнер Милер во режија на гостинот од Суботица, Андраш Урбан чија премиера се очекува до крајот на годината, а на 23-ти овој месец ќе гостува во Санкт Петерсбург, Русија.

Би можело да ве интересира

Јубилеј во Битола – 80 години од првиот наставен час на современ македонски јазик

Сообраќајка во Битола, тешко повреден 52-годишен маж

Во Битола отворена изложба за Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина

А1он

Два дена по ред Битола е најзагаден град во Македонија

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма