Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на „Мекквин“ во Лондон

Од:

Светски познатата манекенка Наоми Кемпбел ја затвори ревијата на модната куќа „Александар Мекквин“ во „Тобако док“ во Лондон.

Честа да ја претстави колекцијата „Мекквин“ за 2022 година ѝ припадна на дизајнерката Сара Бартон.

– Ми се допаѓа замислата девојките на Меквин „да ја брка бурата“. Сакав преку облеката да ја покажам мистеријата, возбудата и прифаќањето на фактот дека никогаш не можеме да знаеме точно што ќе се случи во иднина, рече таа.

Наоми, која е на самиот почеток на шестата деценија од животот, беше миленица на Ли Мекквин, но не учествувала на шоу на овој бренд од 2010 година, кога тој почина. Некои веруваат дека прекинот бил случаен, а други пак, се сеќаваат на кавгата што ја имале тој и Наоми во 1997 година. Тогаш, поради нејзино доцнење, Ли ѝ ја дал задачата на друга манекенка и нагласил дека Наоми е исклучена. Меѓутоа, тие наскоро се смириле и Наоми почнала повторно да работи со него.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски