Во Лувр до 17 март ќе биде отворена една за оваа институција помалку необична изложба на играчки на тема „Војна на ѕвездите“.
Делот од Лувр, кој е наменет за применета и декоративна уметност ќе биде домаќин на епските битки на џедаите, војници на галаксиите, дроиди и жители на Татуин.
Ова делува како необична тема за музејското крило, кое претежно изложува уметнички парчиња мебел или изработки од стакло, но кустосот на Одделението за играчки Дороти Шарл вели дека во аналите на уметноста „Војна на ѕвездите“ има посебно место.
– „Војна на ѕвездите“ беа резволуција во индустријата на играчките, изјави таа.
Централна фигура на изложбата е Арно Грунбер, продавач на играчки и колекционер, Неговите 450 предмети се изложени на изложбата.
Голем љубител на „Војна на ѕвездите“ од првиот филм во 1977 година, кога имал 11 години, Грунберг вели дека е воодушевен од тоа што неговата колекција сега можат и други да ја видат и што постои нова генерација на млади, кои уживаат во неговите играчки.
– Сакав да ја претставам понорамата на силата на „Војна на ѕвездите“, изјави тој и појасни дека неговата колекција варира од првите акциони фигури, кои на пазарот се појавија во 1978 година до денес.
– „Војна на ѕвездите“ е феномен за младите, тие се одраз на детството, но оваа изложба е за секого, додаде тој.
Двете трологии на Џорџ Лукас ја воодушевија публиката со интересната приказна, комплицираната митологија и иновативните специјални ефекти. Филмовите станаа вистинско богатство за продажба на предмети поврзани со нив, вклучувајќи акциони фигури, чанти, маици и слично.