Наместо да се вози во Мерцедес S класа Путин сака лимузина од ЗиЛ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин сакал наместо да се вози во Мерцедес од S класата, во иднина да вози лимузина од домашниот производител на моторни возила, компанијата ЗиЛ.

Меѓутоа во старт се појавил пробле, Овој производител веќе осум години не прави патнички автомобили, со оглед дека неговото работење е ориентирано кон производство на камиони и возила за потребите на војската.

Иако во минатото ЗиЛ изравотувал автомобили во кои се возеле советските лидери, потешкотија претставува и фактот дека оваа компанија не ја поседува потребната технологија за производство на модерни блиндирани лимузини.

Единствениот примерок направен во поскоро време, е прототипот од 2006-та година кој имал проблеми со затворање на вратите.

Овој автомобил бил опремен со 7.7 литарски бензиски мотор кој е поврзан со шестбрзински автоматски менувач. 

 

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on