Намаз од сирење со шампињони и пиперки

Од:

Потребно е:
400 гр ситно сирење или крем сирење
300 гр печени црвени пиперки
200 гр маринирани шампињони
2-3 чешниња лук
2-3 гранчиња свеж магдонос
малку свеж власец
сол

Подготовка:
– Печените пиперки и шампињоните ситно исецкајте ги и ставете ги во чинија.

– Ситно исецкајте ги магдоносот, власецот и лукот и додадете ги во чинијата. Посолете по вкус, додадете го сирењето и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Овој намаз ставете го убаво да се излади во фрижидер пред да го послужите.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска