Намаз од сирење и туна

Од:

Овој намаз е одличен за премачкување канапеи за домашни седенки, потоа какао додаток на секој ручек ручек или вечера… Може да стои неколку дена во фрижидер.

Потребно е:
250 гр свежо сирење (или пак крем сирење)
1-1,5 конзерва туна
2-3 лажици кисела павлака
2 тврдо варени јајца
сол
зачини по желба: власец, магдонос, лук, оригано …

Подготовка:
– Јајцата сварете ги да бидат тврди, излупете ги и ситно исецкајте ги.

– Туната исцедете ја од маснотијата.

– Сите состојки ставете ги во блендер и иситнете ги убаво за да добиете хомогена смеса.

– Пред да го послужите ставете го овој намаз да се разлади во фрижидер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска