Намаз од печени пиперки и ореви

Од:

Малку необичен, а многу вкусен намаз …

Потребно е:
800 гр големи црвени пиперки
1 лута феферонка
2 чешниња лук
1/2 лимон
50 гр ореви
прстофат мелен ким
1/2 лажиче сол
50 мл маслиново масло
30 гр лебни трошки

Подготовка:
– Пиперките убаво измијте ги, избришете ги и ставете ги на решетката во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Печете ги 50 минути при што неколку пати превртете ги.

– Печените пиперки излупете ги и исчистете ги од семките.

– Оревите кратко истостирајте ги во тава на рингла.

– Исчистените пиперки, феферонката, лукчето, сокот од 1/2 лимон, ким и претходно тостираните ореви ставете ги во блендер и ситно измелете ги.

– Кога смесата ќе стане хомогена без грутчиња, додадете сол, маслиново масло и лебни трошки па уште малку измешајте.

– Овој намаз послужете го со крекери или испечени кришки леб.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска