Намаз од моркови

Од:

Многу вкусен ароматичен намаз кој може да го намачкате на парче леб или пак да го користите како додаток на некое сочно парче месо…

Потребно е:
5 моркови
3 чешниња лук
3 лажици маслиново масло
100 г фета сирење
1 лажица мелен ким
4-5 листови свежо нане
2 лажици мед
сок од 1/2 лимон
сол, бибер

Подготовка:
– Морковите излупете ги и сварете ги во солена вода.

– На маслиново масло кратко испржете ги сецканото лукче и мелениот ким колку да замирисаат. Тргнете ги на страна и оставете да се излади.

– Варените моркови исцедете ги и оставете ги да се изладат.

– Во блендер ставете ги изладените моркови, додадете го испрженото лукче со ким, потоа издробеното фета сирење, сок од лимон, листовите нане и медот. На крај посолете и додадете бибер, по вкус.

– Убаво изблендирајте ги сите состојки додека да добиете хомогена смеса.

– Пред да го послужите ставете го во фрижидер да се излади убаво.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска