Многу фин намаз, сличен на путер од кикирики …
Потребно е:
250 гр исчистени кикирики
75 гр бадеми
1 лажиче мед
сол
3 лажичиња кокосово масло
Подготовка:
– Кикириките иситнете ги во блендер. Потоа додадете ги и бадемите и нив измелете ги.
– Додадете ги медот, прстофат сол и на крај и кокосовото масло. Повторно изматете со блендерот за да добиете хомогена смеса.