Фин вкусен намаз …
Потребно е:
1 авокадо
1 лажица кисела павлака
80 гр горгонзола сирење
бибер
хималајска сол
тост или кришки леб, за мачкање
Подготовка:
– Зрелото авокадо излупете го и исечете го на мали парчиња.
– Во блендер ставете ги авокадото, сирењето, киселата павлака и сол и бибер по вкус. Убаво изблендирајте да добиете хомогена смеса.
– Послужете го со тостиран тост леб или парчиња леб запечени на грил тава.