Одличен намаз од авокадо …
Потребно е:
1/4 чаша (околу 60 мл) мајонез
1/4 чаша кисела павлака
1/4 чаша сецкан магдонос
1 зрело авокадо
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
сок од 1 лимон
1/2 чаша + 5 лажици млеко
сол, бибер
Подготовка:
– Во блендер ставете ги мајонезот, киселата павлака, исчистеното авокадо, свежиот магдонос, ситно сецканото лукче, сокот од лимон, маслиновото масло, сол бибер и млеко. Изблендирајте додека да добиете хомогена смеса.
– Пред да го послужите овој намаз изладете го убаво. Послужете го со салата, сварен зеленчук или со пилешко месо.