Најубави цимет ролнички со јаболки

Од:

Цимет и јаболки во тесто се идеална комбинација …

Потребно е:
20 гр свеж или 7 гр сув квасец
250 мл топла вода
50 гр шеќер
80 мл масло
1 јајце
1/2 лажиче сол
525 гр брашно
100 гр путер
165 гр кафеав шеќер
1 лажица цимет во прав
50 гр ореви
2 средни јаболки
100 гр шеќер во прав
2,5 лажици млеко
1 лажица путер
1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:
– Во подлабок сад ставете го квасецот, топлата вода, шеќерот и маслото и убаво измешајте. Оставете го на топло место за да стаса квасецот, околу 5 минути.

– Во стасаниот кавасец додадете ги солта, малку изматеното јајце и брашното. Замесете тесто. Потоа ставете го на набрашнета работна површина и убаво измесете го тестото. Формирајте го како топка, покријте го со крпа и оставете го на топло место околу 30 минути за да нарасне.

– За тоа време во еден помал сад измешајте ги кафеавиот шеќер и циметот. Оревите ситно исецкајте ги.

– Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало со дебелина околу 5-6 см. Тестото премачкајте го со половина од растопениот путер.

– Потоа посипете од мешавината на цимет и шеќер.

– Исчистете ги јаболките и крупно изрендајте ги. Распоредете ги на тестото. на крај посипете со сецканите ореви.

– Тестото замотајте го во ролат и со остар нож исечете го на 15 парчиња (види слика).

– Огноотпорна правоаголна тава (22х33 см) премачкајте ја со путер.

– Исто со путер премачкајте го секое парче од страните и одозгора и наредете ги во тавата, по пет во секој ред, а вкупно 3 реда. Тавата покријте ја со пластична фолија и оставете ги да стојат околу 30 минути на топло место.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути или додека малку не поруменат.


– Додека се печат направете го преливот. Измешајте ги шеќерот во прав, млекото, екстрактот од ванила и путерот во глатка смеса. Оваа смеса прелијте ја на врелите ролнички.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска