Најубави чоколадни обланди

Од:

Вкусни колачиња кои лесно се подготвуваат, а се неверојатно вкусни…

Потребно е:
250 гр
 шеќер
200 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
12 лажици млеко
3 реда чоколадо за готвење
1 маргарин
2 јајца
1 пакување обланди
малку масло

Подготовка:
– Во еден сад ставете го маргаринот и пенесто изматете го.

– Додадете ги мелените бисквити и мелените ореви и убаво измешајте за да добиете хомогена смеса.

– Во оваа смеса додадете го претходно растопеното чоколадо со малку масло. На крај додадете ги јацата и целата смеса убаво изматете ја со миксер.

– Со добиената хомогена смеса филувајте ги обландите и оставете ги убаво да се стегнат. (Најубаво да ставите некој трежок предмет на нив).

– По неколку часа исечете ги и послужете ги.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска