Најстарата мачка на светот почина на 33 години

Од:

Мачката Рози, за која се верува дека е најстарата мачка на светот, почина на 33-годишна возраст.

Рози починала оваа недела во ходникот од својот дом во Норвич, Норфолк, а покрај неа била нејзината сопственичка Лила Брисет (73), објави Њујорк пост.

Родена во 1991 година, таа беше неофицијален носител на титулата „најстара мачка на светот“, која сега ја презеде 28-годишната мачка Флоси од Кент, родена во 1995 година.

Рози на 1 јуни годинава наполни 33 години, што според проценките е околу 152 човечки години. Лила, која ја посвоила Рози кога била мала, изјавила дека многу ѝ недостига.

„Не беше добро и еден ден само влезе во ходникот од куќата, легна и умре. Сепак, имаше многу убави спомени и среќна сум што поминавме време заедно“, изјавила таа.

Би можело да ве интересира

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) 84-годишен Американец до смрт ја претепа сопругата откако се скарале за мачката

Горан Наумовски

Ретка инфекција пристигна во Европа: Ги напаѓа очите, белите дробови и коските, ја пренесуваат мачки

Велосипедист казнет со 4.000 евра за убиство на мачката на министер во Сан Марино

Горан Наумовски

Папата вели дека чувањето кучиња наместо деца ја одзема човечноста

А1он