Најсреќната земја на светот

Од:

Дневни аваз – Сараево

Кралството Бутан е будистичка монархија сместена на Хималаите и опколена со Кина и Индија. Нејзин главан град е Тимпу, се простира на територија од околу 39 квадратни километри и има нешто помалку од 800.000 жители.

1. Зборот Бутан веројатно на санскрит значи планински регион, но постои можност и да значи крај на Тибет, што има смисла. Меѓутоа, фицијалното име, името кое самите го користат не е Бутан туку Друк Јул што значи Земја на змејот, но значи и Змејски народ.
2. Тоа е првата земја во светот која заштитата на животната средина ја има како уставна облигација. 60 отсто од територијата во секој момент мора да биде под шума. Моментално е 72 отсто.
3. Престолнината Тимпу е еден од двата главни града во Азија во кој не постојат семафори (втор град е Пјонгјанг). Кога властите поставија еден семафот, цел град застана на нозе па го отстранија.
4. Ова е единствена држава во светот во која е забрането да се продаваат цигари. Тие немаат проблем со пушење во кафулињата.
5. Според бутанскиот бонтон се бара да одбиете храна ако некој ви понуди и тоа така што ќе ја покриете устата со рака и ќе кажете мешу, мешу. Можете да ја примите дури по второ или трето инсистирање.
6. Секој кој ќе убие птица ждрал која е загрозен вид и за Бутанците е света птица, е соочен со доживотна казна затвор. Всушност, ова ќе се случи на секој кој ќе убие било какво заштитено животно.
7. Бутан е последна земја на светот која вовела телевизија и интернет и тоа во 1999 година.
8. Тие исто така се единствена земја на светот која вовела бруто национална среќа како единствена мерка за општествениот развој. За разлика од нив, сите ние останатите мериме БДП. А тие се меѓу најсреќните народи на светот: барем така покажуваат сите истражувања на Обединетите нации.
9. Првите странски туристи дошле во Бутан дури во 1974 година.
10. Бутан е татковина на највисоката неосвоена планина на светот, Гангкхар Пуенсума која е висока 7.570 метри.
11. Бутан е единствена земја на светот која е јаглеро-одводна, т.е. која апсорбира повеќе јаглерод диоксид отколку што го произведува.
12. Единствена држава се на светот на која најголемиот извозен производ е обновливата енергија.
13. Пластичните кеси се забранети од 1999 година. Наместо нив користат памучни, целосно биоразградливи.
14. Национално животно е такин, вид на азиска дива коза.
15. Како национални спортови Змејскиот народ ги има стреличарството и пикадо кои ги играат на свој сопствен начин.
16. Сите граѓани официјално стануваат една година постари за Нова година, па така никој не може да го заборави нечиј роденден.
17. Бутанците за разлика од нас Европјаните го задржале верувањето во моќта на фалусот и имаат долга традиција на негово цртање на своите куќи, за да ја поттикне плодноста и да донесе среќа.
18. Со закон е пропишано како смеете да се облекувате кога одите на работа или во манастир или храм. Со други зборови, мора да носите традиционална народна носија.
19. За секој ден престој во Бутан странските туристи мора да одвојат од 200 до 300 долари. За секој ден престој. Но, ова и не е толку лошо колку што звучи, бидејќи во тоа имате вклучено хотел со четири ѕвезди, сите оброци, транспорт, водич и возач. Единствено пиењето не е вклучено во цената. 65 долари од таа сума оди на финансирање на образовниот и здравствениот систем, што значи, ако го посетите Бутан, сигурно помагате на локалната заедница.
20. Во Бутан со закон е дозволена не само полигамија (кога еден маж има повеќе жени) туку и полиандрија (кога една жена има повеќе мажи).
21. Инцестот не е невообичаен во оваа земја и често се случува брат и сестра да се венчаат за да се зачува чистотата на крвта. Уште почесто е венчавањето меѓу роднини.
22. Традиционално гледано, наследството над земјата, куќата и животните главно се пренесува на најстарата ќерка, не на синот.
23. Кога маж и жена ќе се венчаат, мажот се сели во домот на жената.
24. Кога Бутанците дочекуваат гости велат кузазанпола. Ова може да значи добро утро, здраво или како сте.
25. Мобилната телефонија стигнала во ова хималајско кралство дури во 2003 година.
26. Забрането е да се градат градби повисоки од пет спрата.
27. Луѓето во Бутан немаат презиме. Всушност, единствено лице во цела земја кое има презиме е кралот, кој се презива Вангчук. Ова е обратно од праксата во Јапонија на пример, во која единствено царското семејство нема презиме. Истовремено, постојат околу 50 имиња кои се вртат во круг, па затоа се користат додатоци како имињата на татковците, место на раѓање или професија, за да можат луѓето полесно да се идентификуваат.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска