Сајтот VeryFirstTo.com нуди одмор за кој ви требаат нешто повеќе пари и време.
Патувањето кое го нуди сајтот чини милион евра, а за него ќе треба да одвоите две години од животот. Во него е вклучена посета на сите заштитени локации од страна на UNESCO, инаку вкупно 962 на број како што се Стоунхенџ, пирамидите во Гиза, Мачу Пикчу, како и Ватикан.
Иако постојат одредени локации кои не се безбедни за туристите, сајтот тврди дека е подготвен да им излезе во пресрет на сите туристи кои сепак сакаат да ги
посетат.
Патувањето вклучува сместување во луксузни хотели како што се Ѕandy Lane на Барбадос, George V во Париз, Plaza во Њујорк, Cipriani во Венеција и Taj Mahal
Palace во Мумбаи.
На патувањето може се одлучат најмалку две лица, а 6.000 евра од секоја уплата ќе бидат донирани на УНЕСКО.
Сајтот се здружил со туристичката агенција специјализирана за луксузни патување Hurlingham Travel за да го осмисли целиот овој проект.
VeryFirstTo исто така нуди и патување во вселената по цена од 70.000 евра и прилика да се разбудите окружени со милион ливчиња од роза по иста цена.