Најскапите чевли во светот се дело на креаторот Кристијан Лубутен и чинат 4.645 американски долари, објави магазинот „Лу Екслајф“. Чевлите се изработени од кожа на алигатор.
На второто место на листата на најскапи обувки на магазинот, се рачно изработените чизми од кожа на „Гучи“, чија цена изнесува 3.750 долари, додека на трето се чевлите со високи потпетици на Џанмарко Лоренци, кои чинат 3.348 долари.
Натаму на листата следуваат сандалите со кристали на Табита Симонс (3.100 долари), антилопските чизми на Балмаен (2.725 долари) и уште едни чевли на Лубутен (2.445 долари).
На седмо место се кристалните чевли со платформа „Софија“ на „Гучи“ кои чинат 2.295 долари, пред чизмите на Рик Овенс од 2.073 долари, антилопските сандали на Џими Шу од 1.995 долари и чевлите од сатен и кристали на Џузепе Заноти, чија цена е 1.835 долари.