Најскап град во светот е Токио, а најевтин Карачи, покажува истражувањето што веќе 20 години го спроведува консултантската куќа „Економист интелиџенс јунит“.
Веќе 14 години по ред на прво место на листата од 131 најскапи градови во светот се најде главниот град на Јапонија, пред уште еден јапонски град Осака, додека третопласиран е Сиднеј.
На четврто и петто место се Осло и Мелбурн, пред Сингапур и Цирих, кој падна за шест места во однос на претходната година.
Главниот град на Франција Париз е на осмото место, Каракас на деветто, а Женева на десетто место.
Њујорк годинава се најде на 27. место за разлика од минатата година кога беше на 19. позиција.
Најевтин град е пакистанскиот главен град Карачи, а потоа следат два индиски града Мумбај и Њу Делхи.